Дома Фудбал Англија Ова се четирите фаворити за наследник на Саутгејт

Ова се четирите фаворити за наследник на Саутгејт

Герет Саутгејт денеска и официјално се повлече од функцијата селектор на Англија, а во медиумите веќе се најавуваат и неговите можни наследници.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Трите лава“ во неделата доживеаја ново разочарување, беа поразени од Шпанија во Берлин и загубија на второ финале по ред на Европските првенства.

Поразот во финалето беше доволна причина за Саутгејт да се повлече од селекторската позиција по осум години.

На листата со желби за негов наследник се три домашни имиња, односно Грем Потер, Еди Хау и Ли Карсли, како и она на Аргентинецот Маурисио Покетино, кој и е добро познат на англиската фудбалска јавност и долго време работеше во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Поранешниот капитен на Сити зборуваше за болеста која му го деформираше лицето (Видео)

Фудбалскиот тренер од Шкотска, Енди Морисон (55), води најтешка животна битка. Морисон ова…