Хамес Родригез своевремено беше голема ѕвезда, а по фантастичното Светско првенство во 2014 година Реал го купи од Монако за 75 милиони евра и уште во првата сезона беше прогласен за најдобар играч за врска во Ла Лига.
Од УЕФА доби место во тимот на годината во 2015. година, а подоцна беше одличен и во Баерн кадеш во 2017. беше избран во идеалниот тим на Бундеслигата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Но, во последните години неговата форма беше во пад. Во 2020 година потпиша за Евертон како слободен играч и по една сезона во Премиер лигата ја напушти Европа. Се пресели во катарскиот Ал Рајан. Во Европа се врати во 2022 година во редовите на Олимпијакос, но Грците му го раскинаа договорот по само 23 натпревари. С
Скоро три месеци му беа потребни да пронајде нов клуб и на крајот го доведе Сао Паоло каде што игра денес. Ниту во Бразил не блеска и на 22 натпревари има учиунок од два гола и четири асистенции.
Но, затоа блескаше во дресот на Колумбија на Копа Америка. Колумбија стигна до финалето каде што изгуби од Аргентина, а Навас турнирот го заврши со еден гол и шест асистенции.