Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Хесус Навас со освоената титула стана рекордер

Хесус Навас со освоената титула стана рекордер

Хесус Навас, највозрасниот играч во репрезентацијата на Шпанија со освојувањето на Европското првенство стана рекордер.

Дефанзивецот на Севиља е 14. играч во историјата кој освоил две европски првенства, но Навас го направи тоа со најголема пауза меѓу двете титули. Првпат европски шампион стана во 2012 година, а вторпат 12 години подоцна.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од останатите 13 играчи кои двапати беа европски шампиони дури 12 се Шпанци и тоа е очекувано затоа што Шпанија е единствената репрезентација која две години во низа го освојувала ЕП (2008 и 2012).

Тие 12 Шпанци се: Чаби Алонсо, Икер Касиљас, Сеск Фабрегас, Андрес Иниеста, Серхио Рамос, Давид Силва, Фернандо Торес, Чави, Раул Албиол, Алваро Арбелоа, Санти Казорла и Пепе Реина. Единствениот кој не доаѓа од Шпанија е Раинер Борнхоф кој беше шампион со Западна Германија во 1972 и 1980 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…