Дома Фудбал Гестот на Карвахал кон Сака стана хит на интернет

Гестот на Карвахал кон Сака стана хит на интернет

Интересна ситуација се случи во првото полувреме од финалето на ЕП. Дани Карвахал во 24. минута го фаулираше Сака, а Англичаните протестираа бидејќи мислеа дека е прекршок за жолт картон.

Сепак, судијата не го делеше тоа мислење, а Карвахал, еден од најискусните во тимот, ја искористи приликата да се потсмева на Сака. Со гест му порача да престане да „плаче“, а тој потег брзо стана хит на социјалните мрежи.

Причина за радување на крајот од мечот имаше Карвахал откако Шпанија победи со 2:1 и по четврти пат во својата историја стана европски првак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд сруши рекорд на Ибрахимовиќ и тоа со 66 натпревари помалку

Ерлинг Халанд од натпревар во натпревар продолжува да ги поставува новите стандарди и да г…