Дома Фудбал Невил рече дека Шпанија не може да го освои ЕП поради Кукуреља. Еве што му одговори сега

Невил рече дека Шпанија не може да го освои ЕП поради Кукуреља. Еве што му одговори сега

ШПАНИЈА по четврти пат во историјата стана европски шампион. Шпанците ја победија Англија со 2:1 во финалето на Европското првенство одиграно на Олимпискиот стадион во Берлин.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гери Невил (49), легендарниот англиски дефанзивец и поранешен играч на Манчестер Јунајтед, а денес стручен коментатор, изјави дека Шпанија не може да го освои ЕП поради левиот бек Марко Кукуреља (25). Мислам дека тој е една од причините зошто Шпанија веројатно нема да оди до крај“, изјави Невил.

Но, се покажа дека погрешил. Избраниците на селекторот Луис де ла Фуенте турнирот го завршија со седум победи во исто толку натпревари, а Кукуреља не играше само против Албанија во третото коло од групната фаза, кога Шпанија веќе имаше обезбедено пласман во осминафиналето и кога Де Ла Фуенте излезе со целосен мешан состав.

По финалето на ЕП, Кукуреља ја сподели изјавата на Невил на социјалните мрежи и одговори: „Отидовме до крај, Гери. Ви благодариме за поддршката“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Марко Алчевски се врати во Македонија!

Фудбалскиот клуб Тиквеш денеска го претстави своето ново засилување за претстојната сезона…