Репрезентативците на Аргентина станаа шампиони на Копа Америка, откако во финалето утринава ја совладаа селекцијата на Колумбија со 1:0.
Херој на „гаучосите“ беше Лаутаро Мартинез во 112. минута кој постигна шампионски гол.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На тој начин Аргентина ја одбрани титулата и го освои својот трет трофеј во низа, откако претходно беа шампиони во светот во 2022 година.
Аргентина е втората репрезентација во историјата која врзала три последователни победи на големите турнири и им се придружи на Шпанија, која слично нешто оствари од 2008 до 2012 година.
Финалето ќе остане обележано со огромниот хаос пред почетокот, кој го одложи мечот речиси час и половина. Имено, голем број навивачи успеаја да влезат на стадионот Хард Рок во Мајами иако немаа билети.