Поранешниот француски фудбалер Патрис Евра (43) е осуден на условна затворска казна од 12 месеци поради напуштање на своето семејство во периодот од мај 2021 до септември 2023 година, објави Le Parisien, повикувајќи се на одлуката на Кривичниот суд во Нантер.
Евра ја обжали одлуката според која на поранешната сопруга Сандра ќе треба да и плати 4.000 евра за морална штета и 2.000 евра за судски трошоци.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Се надевам дека благодарение на оваа одлука, Патрис Евра ќе разбере дека не е над законот и дека не може да ги остави сопругата и децата преку ноќ, особено што се запознале на 15-годишна возраст, а таа го следела низ светот и ја поддржувала неговата фудбалска кариера“, изјави адвокатката Натали Дубоа за Le Parisien и додаде дека Евра на Сандра и должи 969 илјади евра алиментација.
Адвокатот на Евра, Жером Бурсикан, вели дека Патрис ги негира наводите. „Господинот Патрис Евра поднесе жалба знаејќи дека на својата сопруга и обезбедил стан, куќа со базен на југот на Франција и ѝ позајмил речиси два милиони евра за секојдневно живеење, сума која таа одбива да ја врати, што е причината за ова судење“, рече тој.
Сандра (42) и Патрис (43) се венчаа во 2007 година и имаат две деца. Во јули 2020 година, британскиот таблоид Дејли Мејл објави фотографии од Евра како се бакнува со данската манекенка Александра Марго додека тој сè уште беше во брак. Случајот за развод беше покренат пред четири години, а Евра во меѓувреме доби две деца со Марго.