Дома Фудбал Ван Дајк за германскиот судија: Доволно говори неговиот потег по крајот на натпреварот

Ван Дајк за германскиот судија: Доволно говори неговиот потег по крајот на натпреварот

Англија втор пат по ред е финалист на ЕП. Избраниците на Герет Саутгејт во полуфиналето ја совладаа Холандија со 2:1 и изборија меч со Шпанија за трофејот на европскиот шампионат.

Холанѓаните рано поведоа со прекрасниот гол на Чави Симонс, но Хари Кејн брзо одговори од белата точка. Кога се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолженија, се појави Оли Воткинс кој погоди во 90. минута.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, според многумина, пеналот досуден за Англија е многу контроверзен. Контактот помеѓу Кејн и Дамфрис не беше сомнителен, но дојде откако Кејн веќе упати удар кон голот и промаши. Судијата по прегледувањето на видеото одлучи дека тоа е прекршок за најстрога казна.

По натпреварот, холандскиот капитен и ѕвезда на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк беше многу критичен кон Цвајер: „Судијата избега во соблекувалната во истиот момент кога означи крај на натпреварот, мислам дека тоа кажува многу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тетоважа што ќе го расплаче целиот свет: Диого Жота не е заборавен (Видео)

За жал, Диого Жота повеќе не е меѓу нас, но очигледно е дека тој нема да биде заборавен. П…