Денес во фокусот ќе биде полуфиналниот натпревар на Европското првенство помеѓу Шпанија и Франција.
Шпанија покажа најмногу до сега
Шпанците се репрезентација која до сега остави најдобар впечаток на ЕП. Запишаа три победи во групната фаза и покажаа дека се доминантни во сите сегменти од играта. Потоа следуваше рутинска победа против Грузија, а во четвртфиналето го имаа најтешкиот тест. Го исфрлија домаќинот Германија со гол во 120-та минута, но сепак впечатокот е дека беа подобар тим. Шпанија создаде поголем број шанси и имаше водство, но прими гол во завршните моменти. Сега им следува дуел со Франција, селекција која не и лежи на „црвената фурија“. Имено, Шпанија на последните четири меча само еднаш ги победи „триколорите“ па е пред вистински предизвик. Меѓутоа, со оглед на формата и како играат Шпанците се во предност пред овој дуел.
Франција без гол до полуфинале
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ова селекција навикнати сме да гледаме поубедливи партии со оглед на квалитетот кој го имаат. Франција пристигна на ова Европско првенство како главен фаворит, но до сега не покажа убедлива игра. Неверојатно звучи фактот дека Французите стигнаа до полуфинале без постигнат гол од игра. Во четвртфиналето ја елиминираа Португалија после изведување на пенали, а претходно ја исфрлија Белгија со автогол. Секако на ова ЕП се очекуваше повеќе и од Килијан Мбапе, кој постигна само еден гол од пенал. Меѓутоа, станува збор за селекција која знае да игра турнирски и да одигра најдобро кога е најпотребно. Стилот на Шпанија и одговара и ќе направат се за да стигнат до финале.
Веројатни состави
Шпанија: Унаи Симон,. Навас, Фернандес Лапорт, Кукуреља, Фабиан Руис, Ернандес, Јамал, Олмо, Вилијамс, Мората.
Франција: Мењан, Кунде, Салиба, Упамекано, Тео Хернандес, Чуамени, Канте, Рабио, Дембеле, Коло Муани, Мбапе.
Очекување
Очекуваме неизвесен дуел кој може да биде решен дури после продолженија или изведување на пенали. Меѓутоа, очекуваме конечно да прорабоди нападот и да има голови на двете страни.