Германецот Феликс Цвајер ја доби довербата од УЕФА да го суди полуфиналето на Европското првенство во натпреварот помеѓу Англија и Холандија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од Европската куќа на фудбалот објавија дека Цвајер ќе биде судија во второто полуфинале. Но, посебно со него привлече внимание што тој во 2005 година беше суспендиран затоа што наместил натпревар.
Цвајер пред контроверзниот натпревар добил 300 евра од друг судија, а инцидентот не го пријавил во комисијата.
Правдата во другото полуфинале во кое се среќаваат Франција и Шпанија ќе ја дели Славко Винчиќ.