Екипата на Милан денеска го промовираше Португалецот, Пауло Фонсека за нов тренер.
Милан неодамна го потврди ангажманот на Фонсека кој пристигнува како наследник на Пиоли, а денеска тој ја имаше и својата прва прес-конференција пред новинарите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште веднаш Фонсека најави дека целта на Милан ќе биде Скудетото.
„„Знам дека доаѓам во клуб кој сака да победува. Бев во неверојатниот клупски музеј и ја разгледав историјата на Милан, морам да признаам дека сум среќен што ќе бидам дел. Подготвен сум и не можам да го дочекам почетокот. Морам да признаам дека сум тука бидејќи верувам во борба за скудетото. Верувам во играчите кои ги поседува Милан. Не е тајна дека ни се потребни засилувања, има некои позиции кои треба да ги подобриме“, изјави Фонсека.
Договорот кој го потпиша со „росонерите“ е со важност на две години и опција за продолжување на уште една.