Дома Фудбал Во Реал вредеше 80 милиони евра, сега треба бесплатно да дојде во Комо

Во Реал вредеше 80 милиони евра, сега треба бесплатно да дојде во Комо

По 21 година функционирање во пониските лиги, Комо се врати меѓу италијанските прволигаши. Клубот чии малцински сопственици се познатите играчи Тиери Анри и Цеск Фабрегас, кој е и помошник тренер, продолжува да работи на својот подем и се обидува да привлече силни имиња во тимот. Еден од нив е Рафаел Варан.

Стоперот кој одигра повеќе од 350 натпревари за Реал Мадрид и околу стотина за Манчестер Јунајтед има статус на слободен играч. Во кариерата со Реал освои се што е можно на клупски план, а со репрезентацијата беше светски првак и еднаш вицешампион на светското првенство.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Во своите најдоби времиња вредеше 80 милиони евра. Денеска 31-годишниот Трансфермаркт го проценува на 20 милиони евра, но сепак е играч кој многу клубови би сакале да го видат во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спектакуларно: Асистанција на Хименез за ТВ шпици – со пета ја измами одбраната на Манчестер Сити! 🎥

Резултатот на натпреварот помеѓу Фулам и Манчестер Сити на полувремето е 1:1 , а Фулам прв…