Новак Ѓоковиќ по три часа игра го совлада 277. тенисер во светот, Џејкоб Фирнли со 3-1 во сетови.
Новак без проблем и рутински ги доби првите два сета со 6-3 и 6-4, имаше и брејк во третиот сет, но Фирнли не се предаде и направи пресврт, добивајќи го сетот со 7-5.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Меѓутоа Ѓоковиќ во следниот сет го врати нивото на игра и го доби за пласман во третото коло.
Српскиот тенисер во третото коло ќе игра против Андреј Попирин кој славеше со 3-2 во сетови против Томас Ечевери.
Коментари