Дома Фудбал Голем рез во Манчестер Јунајтед. Ќе бидат отпуштени 250 вработени

Голем рез во Манчестер Јунајтед. Ќе бидат отпуштени 250 вработени

Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед планира да отпушти околу 250 вработени како дел од долгорочна програма за намалување на трошоците.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вработени во сите сектори и на сите нивоа во клубот треба да останат без работа, освен хуманитарното здружение Манчестер Јунајтед Фондацијата, а овој број на отпуштања би значел намалување на бројот на вработени за една петтина, односно за 22 отсто.

Манчестер Јунајтед минатата сезона го зазеде осмото место во домашното првенство, што е најнизок пласман на 20-кратниот шампион на Англија од формирањето на Премиер лигата на почетокот на 90-тите.

Исто така, ова значително намалување на трошоците дојде откако британскиот милијардер Џим Ретклиф купи 25 отсто од клубот. Според податоците од јуни минатата година, Јунајтед имал 1.112 вработени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …