Дома Фудбал Мбапе: Играњето со маска е вистински хорор

Мбапе: Играњето со маска е вистински хорор

Килијан Мбапе го скрши носот во натпреварот натпреварот на Франција на Европското првенство и остатокот од првенството ќе го игра со заштитна маска.

Играњето со маска му создава проблеми на францускиот голгетер, а тоа го призна и пред натпреварот против Белгија.

Мбапе против Полска ги одигра сите 90 минути и сега нов испит за него ќе претставува белгиската одбрана. Призна дека играњето со маска му создава потешкотии.

„Апсолутен хорор. Ги менувам затоа што ниту една не ми одговара. Ми го затвора видното поле. Се чувствувам како да гледам ЕП во 3Д технологија, а не како да сум на теренот“, изјави Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од Ешен до денес: три децении никој не ја надмина македонската победа од 11:1

Македонија одбележува 30 години од најубедливата репрезентативна победа. Дејви Главевски г…