Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Европскиот шампион на коленa: Швајцарија ја елиминираше Италија!

Европскиот шампион на коленa: Швајцарија ја елиминираше Италија!

Eвропа и дефинтивно ќе има нов шампион, Швајцарија славеше победа од 2:0 во Берлин и така ја елиминираше Италија од Европското првенство.Победата на Швајцарците е апсолутно заслужена, Италија не одигра скоро ништо и во цел натпревар немаше ниту една посериозна прилика за гол.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Резултатот беше отворен по 37. минута кога Фраулер на асистенција на Варгас го совлада Донарума. Италија во текот на првите 45 минути не упати ниту еден удар во рамките од голот.

Само што започна вториот дел Варгас со еден прекрасен гол зголеми на 2:0 и со оглед на она што го играше Италија веќе стануваше јасно дека Швајцарија ќе биде првата репрезентација која ќе се пласира во четвртфиналето.

Ќе потсетиме, ввечерва ќе го добиеме и вториот четвртфиналист од натпреварот помеѓу домаќинот Германија и Данска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Милан Ристовски ќе игра за нов клуб

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски и официјално се раздели со чешкиот прволигаш …