Дома Фудбал Италијански медиуми: Џеко се согласи на понудата на Хајдук. Наскоро потпишува

Италијански медиуми: Џеко се согласи на понудата на Хајдук. Наскоро потпишува

Един Џеко ќе стане нов играч на Хајдук, тврди италијански Медиасет. Италијанците пишуваат дека Џеко ја прифатил понудата што му ја презентирале спортскиот директор Никола Калиниќ и тренерот Џенаро Гатузо и наскоро ќе потпише двегодишен договор со Хајдук.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Џеко моментално е член на истанбулскиот гигант Фенербахче, каде минатата сезона покажа дека се уште е во врвна форма. На 46 натпревари, тој постигна 25 и запиша 10 асистенции. Фенербахче заврши на второто место во првенството, со три бода помалку од шампионот Галатасарај.

Фенербахче летово го презеде Португалецот Жозе Мурињо, кој очигледно реши да не смета на босанскиот напаѓач.

Истото се случи и пред три години, кога Џеко по доаѓањето на Мурињо замина од Рома во Интер.

Одличниот напаѓач на Босна и Херцеговина настапуваше за Фенербахче, Железничар, Теплице, Усти над Лабем, Волфсбург, Манчестер Сити, Рома и Интер. За Рома играше од 2015 до 2021 година, а таму играше една сезона со Калиниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно Гимараеш го информирал Њукасл за својата желба да се приклучи на Арсенал

Бразилскиот фудбалер Бруно Гимараеш го информираше раководството на Њукасл за своите намер…