Дома Фудбал Скандал: Голманот на Србија се тепал со навивач во Минхен

Скандал: Голманот на Србија се тепал со навивач во Минхен

Српските медиуми откриваат дека непосредно пред мечот на Србија со Данска, во локал во Минхен, голманот на Вања Милинковиќ-Савиќ се степал со еден српски навивач.

Како што информира „Телеграф“, Милинковиќ Савиќ имал физички контакт со српски навивач во еден српски локал во Минхен, каде на голманот му се забележало тоа што отишол да пие, наместо ад биде во карантин и да се подготвува за следниот меч.

„Што правиш ти тука? Треба да бидеш во карантин, а ти пиеш!“ наводно му дофрлил навивачот на голманот на Србија, на што овој веднаш возвратил и започнал физичка пресметка, која обезбедувањето успеало да ја смири.

Газдата на локалот потврдил дека имало инцидент, но дал малку поинаква верзија.

„Вања дојде во нашиот локал, но обезбедувањето на влезот не го препозна и не сакаа да го пуштат бидејќи носел репрезентативни шорцеви, што го налути и дојде до тепачка. Набрзо интервенирав, го фатив за рака и му реков да влезе со мене, но тој одби. Сè се случи во градината“, изјави сопственикот на барот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хасан го однесе Египет во осминафинале на СП, но отказ доби по семеен скандал

Египет го смени селекторот Хосам Хасан по настани што, според федерацијата, го нарушиле уг…