Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Вимблдон, иако неодамна направи операција на менискусот по повредата на Ролан Гарос.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Организаторите на турнирот во Лондон го најавија учеството на Новак кој денес играше тренинг меч со Јаник Синер.
Ѓоковиќ по мечот со Синер разговараше со новинарите и кажа дека се чувствува добро пред третиот грен-слем во сезоната.
По операцијата во Париз му се предвидуваше долга пауза, меѓутоа Србинот успешно се врати на тениските терени и веќе тренираше на Вимблдон.