Обвинителството во германскиот град Вупертал објави дека семејството на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер добивало уцени.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Полицијата приведе две лица кои се поврзани со случајот. Тие наводно им се заканувале на вработените во семејството Шумахер со објавување на досие на семејството кое е сокриено за очите на јавноста.
Уценувачите барале милион евра за да не ги објават документите на интернет, по што полицијата веднаш реагираше и уапси татко и син од Вупертал.
За здравствената состојба на Шумахер се познати малку детали по несреќата која му се случи на скијање.