Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Колегата на Димитриевски е најдобар голман на ЕП!

Колегата на Димитриевски е најдобар голман на ЕП!

Грузискиот голман Георги Мамардашвили блеска на овогодинешното Европско првенство.

Ова не е изненадување бидејќи Мамардашвили две сезони брани на врвно ниво во дресот на Валенсија и со само 24 години е еден од најдобрите голмани во Ла Лига.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Мамардашвили забележа дури 20 одбрани на овој шампионат и е убедливо прв во таа категорија со Флоријан Ница кој е следен на листата со 13. Следни се Ангус Ган и Донарума со 12.

Ваквите настапи на Мамардашвили само ќе придонесат Валенсија уштеп поскапо да го продаде. Според информациите клубот од „Местаља“ за неговите услуги ќе бара 40 милиони евра. Ќе потсетиме, македонскиот голман Столе Димитривски веќе потпиша за Валенсија и тој ќе биде наследникот на Грузиецот.

Засега нема најави кои клубови се најблиску до потписот на Мамарадшвили кој имаше контакти со Баерн, но таа ситуација не стана поконкретна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Рио Фердинанд изненади со изборот на напаѓач против кој најмногу би се намачил како фудбалер

Рио Фердинанд, легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и еден од најдобрите во истор…