Дома Фудбал Останато Не само Даку: УЕФА ја казни и Албанија

Не само Даку: УЕФА ја казни и Албанија

Откако УЕФА денеска го суспендираше Мирлинд Даку на два натпревари изрече и казна за репрезентацијата на Албанија.

Фудбалскиот сојуз на оваа репрезентација ќе мора на сметката на Европската куќа на фудбалот да уплати сума од 47.500 евра. Албанија е казнета за палење на пиротехнички средства и ширење провокативни пораки, но и влегување на навивач на терен.

Хрватска еден ден претходно беше казнета со 28.000 евра и тоа е втора санкција за „коцкестите“ откако за натпреварот со Шпанија платија 87.875 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Почетино задоволен од напредокот на репрезентацијата на САД

Маурисио Почетино е воодушевен од хемијата што се развива во репрезентацијата на САД пред …