Дома Останати Кошарка Дончиќ: Не е важно што бев повреден. Не направив доволно

Дончиќ: Не е важно што бев повреден. Не направив доволно

Кошаркарите на Бостон Селтикс го победија Далас Маверикс со 106:88 во петтиот натпревар од финалето на НБА и ја освоија титулата со вкупен резултат 4:1.

За тимот од Бостон тоа е рекордна 18. титула во НБА, а прва од 2008 година. Досега Селтикси беа изедначени по бројот на титули со Лејкерси (Лос Анџелес и Минеаполис), кои освоија 17.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


По поразот, Дончиќ се појави на прес-конференција на која најпрвин беше запрашан што му се врти во глава по неуспехот во финалето, на што Словенецот одговори: „Ништо. Тажен сум затоа што загубивме“. Тогаш новинарите го прашаа колку е сериозна повредата во финалната серија, а Дончиќ не бараше никакво оправдување за себе.

“Не е важно што бев повреден или колку бев повреден. Бев на теренот и не направив доволно. Горд сум на тимот иако не ја освоивме титулата. Имавме добра сезона, Бостон играше одлична одбрана, тие се одличен тим и тоа е тоа“, рече Дончиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Хрватот Шариќ го праша Јокиќ дали ќе му го даде неговиот коњ – доби краток и јасен одговор

Во редовите на Денвер беше спроведен интересен разговор помеѓу соиграчите во кој се корист…