Давид Алаба минатиот декември на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Виљареал доживеа тешка повреда на коленото поради која не играше до крајот на сезоната, а поради истата повреда нема да може да настапи и за Австрија на Европското првенство.
Сепак, Алаба и селекторот Ралф Рагник пронајдоа начин капитенот на Австрија да биде дел од репрезентацијата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Дефанзивецот кој собра 105 настапи и постигна 15 голови за Австрија ќе биде дел од стручниот штаб и така ќе се обиде да и помогне на репрезентација.
Ова е одлука со која се согласи и Реал Мадрид, но ќе мора да се појави на припремите на „кралевит“ како и сите други фудбалери кои не играат на Европското првенство на 15. јули.
Ќе продолжи Алаба со рехабилитацјата и додека на Европското првенство под надзор на докторите на австриската репрезентација. Австрија на Европското првенство е во групата „Д“ каде што се уште Полска, Франција и Холандија.