Дома Топ вести Анчелоти со јасна порака: ФИФА нека заборави на тоа!

Анчелоти со јасна порака: ФИФА нека заборави на тоа!

По правило, шампионите во Лигата на шампионите се учесници на Светското клупско првенство и најчесто до таа титула стигнуваат преку турнир на кој најсилна конкуренција имаат oд екипи од Јужна Америка.

Новиот систем на ФИФА со дури 32 тима од целиот свет ќе стартува во летото 2025 година, а меѓу 32-те екипи учесници е и Реал Мадрид.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Во суштина, станува збор за тестирање на капацитетите на САД за Светското првенство во 2026 година. Системот од осум групи по четири селекции е како цело натпреварување, а тоа е во подготвителниот период на тимот за почетокот на сезоната.

Сега стратегот на „кралевите“, Карло Анчелоти порача дека Реал Мадрид обива да учествува во тоа натпреварување.

„ФИФА треба да заборави на тоа. Играчите и клубовите нема да учествуваат во него. Еден натпревар на Реал чини 20 милиони евра, а тие сакаат да ни ја дадат таа сума за целиот турнир. Освен нас и некои други клубови ќе одбијат учеството“, изјави Анчелоти.

Реал Мадрид пет пати го освојуваше Светското клупско првенство во периодот од 2014 до 2002 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Екс-репрезентативецот жестоко удри по Милевски: Селекторе, доста е – не мој да не лажеш!

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски жестоко го нападна селекторот Благ…