Џорџ Расел од редовите на Мерцедес го постави најбрзото време во квалификациите пред трката за Големата награда на Канада, деветтата трка од светскиот шампинат.
Успеа да дојде Расел до својата втора пол-позиција на патеката Жил Вилнев во Монтреал со време од 1:12.000. Интересно е што Британецот од Мерцедес имаше исто време како и Макс Верстапен, меѓутоа прв го постави времето, па затоа тој ќе ја има пол-позицијата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Една ваква ситуација во најбрзиот караван во светот немало уште од 1997 година.
Луис Хамилтон трката ќе ја започне од седмата позиција, а тандемот на Ферари Леклер и Саинц од 11-та, односно 12-тата позиција.
Canadian Grand Prix lap time comparison between:
— FORMULA ADDICT (@Formuladdict) June 9, 2024
🇬🇧George Russell
🇳🇱Max Verstappen#F1 #CanadianGP pic.twitter.com/ixzSiolSYx