Дома Фудбал Останато Денот кога „Ил Феномено“ потсети на Пеле – Ова е еден од најубавите голови во историјата! (ВИДЕО)

Денот кога „Ил Феномено“ потсети на Пеле – Ова е еден од најубавите голови во историјата! (ВИДЕО)

Пред точно 21 година, Роналдо Луиз Назарио Де Лима, го постигна еден од најдобрите погодоци во својата кариера, но и во историјата на фудбалот.

Во натпреварот против Комостеле, Бразилецот во дресот на Барселона успеа да постигне чудесен гол откако тргна од својата половина и мајсторски измами четворица свои противници пред казнетиот простор.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тогашниот тренер Боби Робсон, неговиот помошник Жозе Мурињо и соиграчот Пеп Гвардиола не можеа да поверуваат на своите очи што Бразилецот успеа да направи, овој гол најдобро го опиша „Марка“. „Пеле се врати“, стоеше на насловната на еден од најпознатите светски весници.

„Ниту самиот не знам како тоа го направив. Ќе морам овој гол добро да го погледнам и на телевизија“, изјаво Роналдо кој токму овој погодок го смета за најдраг во својата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еден од најдобрите во ПСЖ откри каде сака да ја заврши кариерата: Тоа е клубот од моето срце

Маркињос, дефанзивец на Пари Сен Жермен, изјави дека враќањето во Бразил е голема можност …