Дома Македонски спорт Мак ракомет Еурофарм Пелистер ја одбрани титулата во Суперлигата!

Еурофарм Пелистер ја одбрани титулата во Суперлигата!

Eурофарм Пелистер не дозволи изненадување и го победи Алкалоид со 32:28 за одбрана на титулата во ракометната Суперлига.

Алкалоид го отвори натпреварот со водство од 0:2 и 1:3, но домаќините брзо се вратија и поведоа со 4:3. Во продолжение следуваше изедначена игра, меѓутоа во клучните моменти, Пелистер покажуваше искуство, па така и ја зголемуваше разликата.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Како што одминуваше времето разликата беше погоелма и на пауза битолчани заминаа со 18:13.

Стартот од вториот дел донесе подобра игра на Алкалоид, но домаќините успеаа да ја задржат позитивата. Се што направи Алкалоид беше да се доближи до „минус два“ повеќе од тоа не можеше.

Вардар во натпреварот кој се играше во ист термин победи, меѓутоа тоа не беше доволно затоа што за титула им требаше пораз на Еурофарм Пелистер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …