Веројатно секој спортски фан со нетрпение го очекува вечерашното финале во Лигата на шампионите во кое во Лондон на „Вембли“ ќе играат Борусија Дортмунд и Реал Мадрид.
Ако се суди според коефициентите букмејкерите проценија дека германскиот тим скоро и да нема никакви шанси и за победа на Реал Мадрид одредија коеициент од 1.30.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од друга страна коефициентот за „милионерите“ трипати поголем, односно помеѓу 3.50 и 4. Тоа се коефициентите за конечна победа, односно освојување на трофејот.
За се да биде решено во регуларниот дел коефициентот за Реал е 1.67, додека за Борусија 5.35, за реми 4.10. Останува да видиме вечерва дали „милионерите“ на крајот можат да ги изненадат и букмејкерите.