Дома Топ вести Реал има план и ТРИ големи имиња се на листата, но ова не е 2009 година!

Реал има план и ТРИ големи имиња се на листата, но ова не е 2009 година!

Револуцијата се подготвува, очигледно во клубот сметаат дека е дојдено времето за почеток на новата ера. Најголемите ѕвезди не се сигурно, но ова не е 2009 година, па Перез ќе мора да потроши многу повеќе од 300 милиони евра.

Како што веќе се најавува долго време, Реал ќе прави огромни промени на лето, почнувајќи од извесната продажба на Герет Бејл со која конечно се сложува и Флорентино Перез, а дури ниту Кристиано Роналдо повеќе не е сигурен, проблем е што Португалецот бара нов договор и повеќе пари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ако оваа година не биде успешна според стандардите на Реал во редот за местото на клупата на „кралевите“ се споменува името на Јоаким Лев, а во последно време и на Масимилијано Алегри.

Шпанските медиуми веруваат дека Хари Кејн сепак е невозможна мисија, но затоа Реал би можел да тргне по Деле Али. На него му беше понуден договор на шест години, но и плата од 150.000 евра што е далеку од сите очекувања.

И Баерн и Реал го пратат исходот на преговорите, но секако дека клубот од Мадрид има повеќе шанси да стигне до Англичанецот.

Реал исто така ќе направи се за да го купи Дибала. Овие два клуба имаат фантастични односи, но тешко е да се верува дека Италијаните ќе се откажат од веројатно најталентираниот играч во светот во овој момент. Доколку Дибала би заминувал, тоа веројатно би било за нов светски рекорд.

Третото име е Давид Алаба. Тој наводно сака да го напушти Баерн, но сигурно дека и Перез и за Австриецот би морал да издвои сума од најмалку 70-80 милиони евра. Алаба е фудбалер кој може да игра како лев бек и централен дефанзивец, но знае да се снајде и во средината на теренот, поради тоа неговата универзалност го прави идеален кандидат.

Но, колку пари се потребни за овој потфат?

Шпанските медиуми споменуваат сума од 300 милиони но таа сума изгледа премалку со оглед дека ова не е 2009 година, кога Перез постави светски рекорд по бројот на потрошени пари во еден преоден рок. На теренот се нови одлични фудбалери кои вредат многу. Да се потсетиме таа 2009 година Реал за нешто помалку од 300 милиони евра ги доведе Бензема, Роналдо, Кака, Арбелоа и Чаби Алонсо, такво нешто денес е навистина незамисливо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…