Дома Фудбал Oфицијално: Чави заминува од Барселона!

Oфицијално: Чави заминува од Барселона!

Како и што се најавуваше, Чави доби отказ во Барселона и нема да го предводи клубот во наредната сезона.

Со месеци управата на клубот го убедуваше шпанскиот стратег да остане, а кога прифати само неколку недели подоцна ситуацијата се смени поради негова изјава за финансиската состојба по мечот со Алмерија.

Клубот во официјално соопштение го потврди заминувањето.

„Барселона сака да му се заблагодари на Чави за неговата работа како тренер, но и како играч и капитен во минатото. Му посакуваме многу успеси во светот на фудбалот“, стои во соопштението.

Последен натпревар на клупата на Барселона за Чави ќе биде гостувањето на „Рамон Санчез Писхуан“. Очекувањата се негов наследник да биде Ханси Флик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…