Иако претходно го убедуваше да остане, последните случувања ги промениле работата и Лапорта одлучил да му даде отказ на Чави.
Чави го налутил раководството со последната изјава за финансиската состојба во клубот по мечот со Алмерија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денес се пренесува дека каталонскиот гигант има двајца кандидати за нов тренер. Како главен фаворит се истакнува Рафа Маркез кој работи со Б-тимот на Барселона.
Ситуацијата на Маркез е слична како и на онаа со Пеп Гвардиола и Луис Енрике кои исто така од вториот тим беа прекомандувани на чело на првиот и забележаа големи успеси.
На Маркез му се предвидува голема тренерска иднина, а шансите Барселона да се реши за таков потег се големи. Како втора опција се споменува екс-тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик.