Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА не дозволува Сити и Џирона заедно да играат во ЛШ

УЕФА не дозволува Сити и Џирона заедно да играат во ЛШ

 Манчестер Сити и шпанската Џирона можеби нема да играат во Лигата на шампионите, за која веќе се пласираа преку нивните првенства, тврдат англиските  медиуми.

Џирона се пласираше во Лигата на шампионите, но има еден проблем поради кој е неизвесен нивниот настап во натпреварувањето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


УЕФА не дозволува ист сопственик да има два или повеќе клубови во исто натпреварување, а „Сити Фудбал Груп“ е газда и на Манчестер Сити и на Џирона.

Тие моментно поседуваат 47% од Џирона и доколку не го намалат својот удел на максимум 30%, тимот на Мичел нема да има право да игра во Лигата на шампионите, но автоматски ќе оди во Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Алан Ширер: Несогласувањето помеѓу Њукасл и Исак е на штета на сите

Според поранешниот напаѓач на клубот, Алан Ширер, конфликтот помеѓу Александер Исак и него…