Дома Македонски спорт Кедев не запира: Го освои и четвртиот највисок врв во светот!

Кедев не запира: Го освои и четвртиот највисок врв во светот!

Македонскиот алпинист Сашко Кедев го освои и четвртиот врв во светот и за него вкупно 10-ти со висина од над 8.000 метри.

Пред една недела Кедев стапна на врвот Макалу, а сега се искачи на Лоце на Хималаите кој е висок 8.516 метри. Следна цел за македонскиот алпинист ќе биде врвот Канченџунга кој е во висина од 8.586 метри.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Претходно Кедев покрај Макалу и Лоце ги искачи врвовите: Монт Еверест (8.848), Нанга Парбат (8.126), Анапурна (8.091), Чо Оју (8.188), Броуд Пик (8.051), К2 (8.611) и Далагири (8.167).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…