Дома Македонски спорт Димитриевски и поставил услов на Валенсија?

Димитриевски и поставил услов на Валенсија?

Репрезентативниот голман на Македонија, Столе Димитриевски се наоѓа според шпанските медиуми се наоѓа во една непријатна ситуација со оглед на тоа дека веќе има начелен договор за трансфер во Валенсија, меѓутоа тој се уште не е официјализиран.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Валенсија прво треба да го продаде сегашниот голман Мамардашвили, па потоа да го доведе Димитриевски. Македонскиот чувар на мрежата полека губи трпение бидејќи сегашниот договор со Рајо му завршува на 30. јуни, а информациите се дека прифатил да почека до денот на истекот на договорот.

Доколку управата на Барселона до тој момент не ги реши проблемите со грузискиот голман кого сакаат да го продадат за 30 милиони евра, тогаш тој би побарал друга средина или би го продолжил договорот со Рајо.

Во текстот се наведува дека Димитриевски поради интересот од Валенсија одбил понуди од Бетис и Севиља, како и дека пред себе имал две понуди од Саудиска Арабија. Сепак, засега Саудиска Арабија не е во неговите планови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…