Дома Топ вести Мбапе официјално објави дека заминува од ПСЖ🎥

Мбапе официјално објави дека заминува од ПСЖ🎥

Килијан Мбапе со видео на социјалните мрежи соопшти дека по крајот на сезоната го напушта ПСЖ и се прости од „светците“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


И покрај тоа што не кажа каде ќе ја продолжи кариерата, тоа најверојатно ќе биде Реал Мадрид.

Мбапе вечерва преку видео порака се прости од навивачите на Пари Сент Жермен.

„Отсекогаш сум велел дека ќе ви се обратам кога ќе дојде вистинското време. Сакам да ве информирам дека ова е мојата последна сезона во Пари Сен Жермен. Нема да го продолжам договорот и оваа авантура ќе заврши во следните неколку недели. Мојот последен натпревар ќе го одиграм на „Паркот на принцовите“ во недела.

Се борам со многу емоции. Имав можност и голема чест да бидам дел од најголемиот клуб во Франција и еден од најдобрите во светот, што ми овозможи да дојдам овде и да почувствувам како е да се игра во голем клуб под притисок. Напредував како играч, се разбира со едни од најдобрите фудбалери во историјата. Некои големи шампиони. Запознав многу луѓе, созреав како личност, со сета слава и грешки што ги направив“, изјави Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…