Никола Јокиќ испишува историја во најсилната кошаркарска лига и изминатата ноќ по третпат во кариерата беше избран за МВП во регуларниот дел од сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Српскиот кошаркар доминира од натпревар во натпревар, а многумина ќе кажат и дека заслужи да има четири вакви награди. Минатата година големи реакции предизвика доделувањето на ваквото признание на Камерунецот, Џоел Ембид.
Сега интересна беше реакцијата на Јокиќ кога беше соопштено дека тој ќе биде најдобриот за оваа сезона. Јокиќ веста ја дочека во маичка со натписот „Брате“ во чест на Дејан Милојевиќ, а со реакцијата не покажа дека е премногу возбуден.