Дома Фудбал Барселона има две главни мети за летниот преоден рок

Барселона има две главни мети за летниот преоден рок

Во Барселона по неуспешната сезона размислуваат за засилувањата за следната сезона и веќе се пишува за главните мети.

Информациите на „Мундо Депортиво“ сега се дека во каталонскиот гигант се заинтересирани за двајца играчи за кои сметаат дека одлично би се вклополие. Во прашање се шпанскиот репрезентативец Дани Олмо и Нико Вилијамс.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Овој медиум тврди дека Олмо има големи фанови во раководството на Барселона, пред се спортскиот директор Деко и тренерот Чави. Поголемиот дел од сезоната Олмо го мина играјќи како лево крило, но може да биде корисен и во средниот ред и како напаѓач.

Покрај него тука е Нико Вилијамс од Атлетик Билбао кој е исто така на радарот на клубот од Каталонија. Вилијамс би требало да премине на крилната позиција каде што Барса летово би можела да остане без Рафиња и Феликс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Контроверзниот сопственик на Наполи предлага револуција

Се редат реакции по катастрофата на фудбалската репрезентација на Италија во Босна и Херце…