Вечерва ќе ги дознаеме сите учесници на Светското првенство во Русија, откако ќе завршат неизвесните јужноамерикански квалификации.
За три места кои водат директно во Русија и едно кое гарантира бараж ќе се борат дури шест репрезентации кои се наоѓаат во четири бода разлика.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бразил е единствениот кој одамна го реши пласманот на СП, но затоа до последен момент ќе треперат Уругвај и Колумбија. Во најтешка ситуација е секако Аргентина, но и Чиле кој вечерва му гостува на Бразил.
Со евентуален триумф во Сао Паоло над Бразил, Чиле директно ќе се пласира на СП, додека Аргентина и со победа ќе игра бараж, само доколку Колумбија слави против Перу во гостувањето. Поинакво сценарио, поточно пораз на Чиле и победа на Аргентина, ќе значи радост за избраниците на Сампаоли и директен пласман во Русија.
Затоа, на социјалните мрежи Бразилците отворија кампања со која од нивните репрезентативци се бара да му „пуштат”на Чиле како би и наштетиле на Аргентина.
Познат е големиот ривалитет помеѓу „гаучосите“ и „кариоките“, а целиот свет вечерва го очекува расплетот од овие драматични квалификации.