Реал Мадрид во летниот преоден рок ја победи конкуренцијата за турскиот талент, Арда Гулер од Фенербахче.
Неколку европски гиганти беа силно заинтересирани за „турскиот Меси“, а на крајот Реал ја доби битката за потписот и за 22 милиони евра го донесе во Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гулер го пропушти првиот дел од сезоната поради повреда, а во последно време покажа дека се работи за голем талент, но во Реал не може да се избори со големата конкуренција.
Интерес за него покажува Милан и сака да го доведе на лето на „Сан Сиро“.
Милан го сака на двегодишна позајмица со право на откуп, по принципот на Брахим Дијаз, а Реал е спремен да го пушти ако во договорот биде ставена бајбек клаузула.