Дома Останати Тенис Ѓоковиќ започна нова недела на врвот на АТП – никој не може да го симне најмалку во следните две недели!

Ѓоковиќ започна нова недела на врвот на АТП – никој не може да го симне најмалку во следните две недели!

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ ја започна 423. недела на врвот на АТП листата и таму ќе остане барем во следните две недели, иако во моментов не настапува на мастерсот во Мадрид.

Дали Ѓоковиќ ќе остане лидер ќе зависи од резултатот на Ролан Гарос. Изминатата недела српскиот тенисер остана без 45 поени кои ги освои во Бања Лука.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во Рим, Новак ќе брани 180 поени што значи дека може и да ја зголеми разликата. Зад Новак е Јаник Синер со 8.660, па потоа следи Карлос Алкараз со 8.145 бодови.

Доколку Синер успее да го освои турнирот во Мадрид ќе има 9.660 поени и веќе посериозно ќе се доближи до Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вака денес изгледа Моника Селеш: Се бори со ретка болест (Фото)

Тениската легенда Моника Селеш после подолг период објави фотографија на социјалните мрежи…