Интер обезбеди големо засилување за следната сезона, а тоа е напаѓачот на Порто, Мехди Тареми.
Тареми минатото лето беше на чекор до Милан, но трансферот не се реализираше во последен момент.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
30-годишниот напаѓач влезе во последната година од договорот и ова лето го напушта Порто како слободен агент, а Интер ја искористи ситуацијата да го доведе без обештетување.
Фабрицио Романо потврди дека Тареми веќе ставил потпис на договор со Интер до 2026 година со опција за уште една година и ќе биде првото летно засилување за „нероаѕурите“.
⚫️🔵 Mehdi Taremi’s contract at Inter will be valid until June 2026, two years.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) April 26, 2024
It will also include an option to extend until June 2027.
It’s all done and completed with FC Porto also informed.
Here we go, confirmed. 🇮🇷 pic.twitter.com/5dTPQeyblh