Дома Фудбал Се огласи Клоп: Се радувам за клубот ако Слот е решението

Се огласи Клоп: Се радувам за клубот ако Слот е решението

Од моментот кога Јирген Клоп со видео порака го шокираше фудбалскиот свет, а особено навивачите на Ливерпул, се шпекулира кој ќе го замени Германецот на клупата на „Црвените“, кога на крајот од сезоната ќе го реализира ветувањето и ќе се повлече од клубот од Енфилд, но и од англискиот фудбал воопшто.

Во медиумите се појавија информации дека Ливерпул веќе го договорил 45-годишниот тренер на Феенорд, Слот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Според Клоп Холанѓанецот би бил добро решение на клупата на повеќекратниот европски првак, кому му ја врати континенталната круна и го одведе до долгоочекуваната титула шампион во Премиер лигата.

Само да бидам јасен, не сум вклучен во процесот на избор на нов тренер. Сепак, многу ми се допаѓа ако Слот е тој. Тој сака да ја преземе работата. Ми се допаѓа како неговиот тим игра фудбал.

Некои луѓе што ги познавам го познаваат и немаат ништо друго освен пофалби за него, што многу ми се допаѓа. Среќен сум за клубот ако тој е решението. Не е мое да ги судам овие работи, но сè звучи многу добро – рече Клоп и за него да се биде менаџер на Ливерпул е „најдобрата работа на светот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се прости од новинарите кои го следат Ливерпул. Еве како ги насмеа

Јирген Клоп го одработи својот последен натпревар како тренер на Ливерпул, клубот во кој с…