Дома Фудбал Падна договор: Ливерпул го избра наследникот на Клоп

Падна договор: Ливерпул го избра наследникот на Клоп

Ливерпул ги заврши преговорите со тренерот на Феенорд, Арне Слот. Тој ќе ја преземе клупата откако Јирген Клоп ќе ги напушти „црвените“ по крајот на сезоната. Ливерпул ќе му плати на Феенорд отштета од 13 до 15 милиони евра.

„Слот веќе имаше директен контакт со Ливерпул како потенцијален кандидат за замена на Клоп.

Договорена е уште една средба, а тој е еден од главните кандидати. Рубен Аморим од Спортинг Лисабон не е во преговори”, открија пред неколку дена медиумите на Островот.

Сега преговорите се отидени многу подалеку, Ливерпул и Арне Слот имаат договор, останува двата клуба да ја договорат висината на отштетата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тивкиот борец на Форест го покажа вистинското лице против Сити

Ксавер Шлагер не е најатрактивното име во средниот ред, но победата од 3-1 над Манчестер с…