Дома Фудбал Баерн се договори со Рагник, ќе им плати отштета на Австрија

Баерн се договори со Рагник, ќе им плати отштета на Австрија

Toмас Тухел на крајот од сезоната ќе го напушти Баерн Минхен, а според најавите негов наследник може  да  биде Ралф Рагник.

Рагник во овој момент е селектор на репрезентацијата на Австрија, но не ја исклучува можноста да седне на клупата на Баерн.

Германскиот „Билд“ наведува дека Рангник е договорен со Баерн и дека наскоро сѐ ќе биде официјализирано.

„Разговорите помеѓу Баерн и Ралф Рангник се во завршна фаза. Сите во клубот се договорени дека тој ќе го преземе клубот. Закажан е уште еден состанок за да се финализираат сите детали”, пренесува „Билд“.

Баерн му нуди на Рангник договор до 2026 или 2027 година. Плус „баварците“ ќе платат компензација меѓу два и три милиони евра за Австрија да го ослободи од селекторската функција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…