Дома Фудбал Дали Јамал постигнал гол во „Ел Класико“ ќе решава – шпанскиот суд!

Дали Јамал постигнал гол во „Ел Класико“ ќе решава – шпанскиот суд!

Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) поради, како што смета, неправдата на „Ел Класико“. Ова значи дека спорот за тоа дали Барселона била оштетена против Реал Мадрид ќе се решава преку судски пат. .

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фантомскиот гол на Ламин Јамал и понатаму е тема на шпанските медиуми, но и ситуација која не се напушта во канцелариите на Камп Ноу. Претседателот на Барса, Жоан Лапорта побара од Шпанската фудбалска федерација видео и аудио од ВАР просторијата за таа ситуација..

Федерацијата го одби барањето и соопшти дека нема да направи исклучок за Барселона. Сега Барселона сака да добие дозвола да ја предаде лентата на судот. Лапорта претходно порача дека е спремен да бара и преигрување на „Ел Класико“.

Од Каталонија ја обвинуваат федерацијата и за одбивањето да се воведе гол-технологијата како во останатите првенства пред почетокот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаос во Србија: Навивачи ги тепаа фудбалерите откако изборија опстанок (Видео)

Натпреварот меѓу Раднички и Јавор заврши нерешено (2-2) во последното коло од српската Суп…