Сирa Мартинез е светска шампионка во јавање на младинско ниво, има 23 години и е фасцинирана од коњите, но многу e попозната е како ќерка на Луис Енрике и поранешна девојка на Феран Торес.
Сега се најде во центарот на вниманието на медиумите бидејќи има ново момче. До неодамна таа се забавуваше со Феран Торес од Барселона, а сега е во врска со Робин Ле Норман, дефанзивецот на Реал Сосиедад. Интересно е и тоа што Торес беше еден од омилените играчи на Енрике додека ја водеше шпанската репрезентација и често ги фалеше неговите играчки квалитети.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сира беше во врска со Торес долго време, а сега започна романса со друг фудбалер. Шпанските медиуми ја фотографираа со Робин на аеродром каде тој ја донел на за Париз. На„Паркот на принцовите“ Сриа го гледаше својот татко како слави со парижаните против Барселона и се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Ле Норман е роден во Франција, кариерата ја започна во Брест и оттаму дојде во Реал Сосиедад. Неодамна доби шпанско државјанство и со репрезентацијата се радуваше на трофејот во Лигата на нации на УЕФА. Интересно е што во репрезентацијата е соиграч со Торес. Двајцата се очекува да бидат во ростерот на „црвената фурија“ на претстојното Европско првенство во Германија.