Двајца фудбалери на Реал Мадрид побарале да не се на листата изведувачи на пенали во вчерашниот реванш против Манчестер Сити, откри Карло Анчелоти.
Станува збор за Едер Милитао и Федерико Валверде. Иако поголем дел од фудбалерите сакаат да изведуваат пенали, сепак Италијанецот објасни зошто одбиле.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Пеналите се лотарија, но играчите имаат голема самодоверба. Единствено Милитао ми кажа дека Едерсон предобро го познава“, изјави Анчелоти.
Валверде побарал да биде заменет.
„Кога играч ќе ви каже дека е уморен, најдобро е да го замените“., но играчите имаа голема самодоверба и многумина сакаа да шутираат.
Синот на Анчелоти, Давиде кој е во стручниот штаб на Анчелоти зборуваше за оние кои шутираа.
„На четири-пет минути пред крајот почнуваш да размислуваш за пеналите. Собрав пет имиња во мојата глава, Џуд е добар изведувач, како и Лукас Васкез, Начо има многу искуство и е сигурен, а Рудигер, на пример, има м**а. Напишав пет имиња и ги покажав Карло и Кепа. На крајот се испадна одлично“, објасни Давиде.