Во јануари, Иван Ракитиќ го напушти европскиот фудбал и се пресели во Саудиска Арабија, каде потпиша договор со Ал Шабаб. Неговиот договор со овој клуб има важност и за следната сезона, а во интервју за шпанските медиуми откри дека веќе размислува за иднината по својата играчка кариера.
“Сè уште не сум целосно сигурен и не сакам да гледам премногу далеку во иднината. Се подготвувам малку по малку, остварувам контакти. Не можам точно да кажам што ќе правам во иднина, но знам дека тоа ќе биде поврзано со фудбалот,“, изјави Ракитиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со оглед дека остави голема трага во Барселона Ракитиќ беше запрашан кој би требало да ја води Барселона наредната сезона бидејќи Чави се уште е на ставот дека ќе си замине на лето. Според поранешниот играч за врска на хрватската репрезентација не постои човек кој подобра ја разбира Барселона од Чави.
„Одлуката е на него, но мислам дека нема човек кој ја разбира Барселона подобро од Чави. Тој го презеде тимот во деликатен момент, со многу промени и во моменти кога беше тешко“, истакна Ракитиќ.