Дома Фудбал Чави на чекор да ја смени одлуката: Ова се условите кои и ги поставил на Барселона

Чави на чекор да ја смени одлуката: Ова се условите кои и ги поставил на Барселона

Иако кон крајот на јануари најави дека заминува на крајот на сезоната, Чави Ернандез би можел да се предомисли, бидејќи во него веруваат целото раководство и соблекувалната на Барселона.

Новинарот Фернандо Поло денеска открива дека Чави најавил дека можеби ќе се премисли, но само под одредени услови.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Имено, Чави сака Барселона да биде конкурентна со најсилните тимови во Европа, има јасна визија за тоа како треба да изгледа тимот и му го претставил својот проект на претстедтелот Жоан Лапорта.

Стратегот на Каталонците сака последен играч за врска се споменуваат, Кимих или Зубименди, како и Бернардо Силва во средниот ред.

Дополнително, инсистира клубот да не ги продава своите најдобри играчи и „недопирливите“ да останат основа на тимот во следните неколку години. Се шпекулира дека според Чави тоа се Роналд Араухо, Гави, Педри, Пау Кубарси, Ламин Јамал и Френки де Јонг.

Тука е и останувањето Кансело, а не е невозможно и Жоао Феликс да ја продолжи позајмицата или наместо тоа Ансу Фати да замине во Мадрид.

Како и да е не чека изгледа уште едно бурно лето во Каталонија, а доколку тимот продолжи игра одлично во Лигата на шампионите и да заработува пари, Чави навистина би можел да ја смени одлуката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…